Ја видов Мона Лиза а бев во пижами

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Сите моравме барем еден план да откажеме заради новонастанатата пандемија. Дали тоа е авантура во странство, службен пат, или пак прошетка низ Македонија, на крај сите останавме дома.

Од друга страна, туристички атракции одеднаш останаа без своите предвидени туристи. Така се создаде простор за цутот на еден нов тип на патување: виртуелниот туризам.

Виртуалниот туризам постана голема атракција со почетокот на пандемијата и е еден од најиновативните начини на забава и учење. 

Како еден од најпознатите сајтови за виртуелен туризам е Google Earth. Тој ни овозможува да истражиме области од целиот свет со допир на копче. Скоро секој дел од светот е документиран со камерата на Google, па така можете да се прошетате до Пирамидите од Гиза или пак до Ајфеовата Кула во Париз.  

Од секогаш сте сакале да го посетите Лувр и да ја видите Мона Лиза?

Нема проблем, со оваа виртуелна музејска турнеја ќе имате можност да ги видите познати уметнички дела, покрај Мона Лиза, и  Венера де Мило, Крилестата Победа на Самотрас, Богородица на карпите, Коронацијата на Наполеон и многу други. Притоа да ги истражите египетските антиквитети или Галеријата на Аполо.

https://www.louvre.fr/en/visites-en-ligne

Погледајте оригиналну слику

Ако сте повеќе љубител на природата може да го посетите националниот парк Јосемити, да прошетате низ густо пошумените области и да го посетите водопадот Јосемит, кој е највисокиот водопад во Северна Америка.

https://www.virtualyosemite.org/
Погледајте оригиналну слику

Уникатна тура над активен вулкан на Хаваите. Звучи неверојатно нели? Заедно со туристички водич, можете да ги видите неверојатните убавини на островите и океанот.

https://artsandculture.withgoogle.com/en-us/national-parks-service/hawaii-volcanoes/nahuku-lava-tube-tour

Погледајте оригиналну слику

Ве носиме 6,896 км во Кина од вашата соба. Кинескиот ѕид која е најголемата градба на светот можете да ја посетите на овој линк: https://www.thechinaguide.com/destination/great-wall-of-china

History and Timeline of the Great Wall of China

А, ако ова не ви е доволно возудливо, врзете ги појасите бидејќи НАСА ве носи надвор од Земјата на едно патување на алтернативна планета. 

https://exoplanets.nasa.gov/alien-worlds/exoplanet-travel-bureau/explore-trappist-1d/?travel_bureau=true

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош