Уметници кои се потпишаа на градот

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Ако некого прашате што му е омилен дел од животот во Скопје, одговорот најверојатно нема да биде некој локал. Од маалски игралишта до некое местенце каде ептен ни е мерак да седиме или едноставно луѓето, секој ќе ви ја понуди нивната автентична перспектива. Ова добива нова димензија кога ќе го споиме со уметноста инспирирана токму од градот. Во денешниот пост ќе зборуваме за само дел од приказот на Скопје низ алатките на младите уметници.

Скопје 091

За сите што ги оставивме боичките во детството, време е да си земеме нови. Скопје 091 е една од боенките за возрасни на Издавачки центар Три, за која Васил Шемкоски црпи инспирација не само од секојдневниот живот денес, туку и моментите од минатото за градот што секој треба да ги знае. Почнувајќи од пост-земјотресно Скопје со вклучување на симболи како ГТЦ, Старата железничка, МСУ и Камени мост, оваа боенка креира искуство чие ограничување не е само она видливото. Со секоја следна страница буди носталгија и искажува препознатливост, па дури и со употреба на сатира. А најдобро од сè – можеме сами да си ја предизвикаме креативноста додека ја пополнуваме.


Graffiti Shop Hrom

 Кога ќе се спомне улична уметност, најчесто ни текнува на графити. Со развојот на уличната галерија, може да се оживее секое градско сивило. Graffiti Shop Hrom е местото што нуди буквално сè што му треба на графити ентузијаст: од спрееви до маркери, мастила и нотеси, но што е многу поважно – поттик, простор и поддршка да се развива скопската улична уметност.


Градот убав или Skopje street and art gallery

Во рамки на проектот на МКЦ насловен “Градот убав или Skopje street and art gallery” две години по ред се собраа талентирани уметници со цел да  разбијат дел од градската монотонија. Прво ГТЦ, а потоа и катната гаража „26-ти јули“ станаа новите отворени галерии, а над десетици артисти дадоа свој личен печат. Овој проект не само што ги препозна креативноста и талентот на локалните истакнати творци, туку и ја доближи уметноста до сите скопјани.


Мило ми е да гледам  вакви проекти и искрено мислам дека нашиот град има потенцијал за уште повеќе. Ова се само дел од работите кои успеав да ги издвојам, а повеќе во следна прилика.

Поздрав,
Марија <3
@janevamarija_

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Ја видов Мона Лиза а бев во пижами

Сите моравме барем еден план да откажеме заради новонастанатата пандемија. Дали тоа е авантура во странство, службен пат, или пак прошетка низ Македонија, на крај

kerakamika-featured
Games

Керакамика – Моето ново омилено хоби!

Дали си млад, стар или дете во Керакамика не е важно, бидејќи погоди што? Тие нудат специјални курсеви наменети за секоја возраст! Cакаш да искусиш

Daylife

COVID 101 Што научив?

Среќна 2020!!! Возбудени, чиста бројка, време за промена. Оваа година ќе биде најдобра до сега! Fast forward неколку празници подоцна… Нов вирус? Пандемија? Далеку е

Games

Приказната на GetOut

Петок вечер. Со друштво се договарате за каде да искочите. Се обидувате да сфатите кои места работат, дали го служат вашиот омилен коктел, и каде

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош