Запознај го тимот

Ние сме млад, ентузијастичен тим кој има согледано проблем во нашиот град, и се стреми кон кооперативно, интересно решение. Уникатен склоп на разновидна група, нашите различни интереси се тоа што веруваме дека ќе ни помогне да го изградиме GetOut.mk во платформа за секого. 

Драгана

Драгана Јоловиќ

Fashion on fleek

Мамо види ме! Архитект во подем, креативец и активен free spirit. Gangsta rap made me do it!

Боки

Бојан Ристовски

Jack of All Trades

Боки е еден од креативците во GetOut.mk, организатор на настани и фотограф. Во слободно време може да го најдете како инвентар на Trap The Fuck Up,МКЦ и Хип Хоп журки. За него нема ништо подобро од летно зезање со друштво во парк до сабајле.

Ели

Елеонора Ѓорѓиевска

Heart of the party

Елеонора е задолжена за водење на социјалните мрежи, а во слободно време ужива во дружба со пријателите во некое кул скопско кафуле.

Мариа

Мариа Данчевска

The kid

Марија е голем авантурист, љубител на книги и животни. Во слободно време можеш да ја најдеш со нејзиното куче или со пријателите.

Иван

Иван Неделковски

El Presidente

B.D.E.

Макс

Марија Андреевска

Venice, F*ck Yeaah

Макс (иако мајка ѝ преферира Марија) моментално студира бизнис на Ca’Foscari (Венеција, Италија), и константно се труди да се гради како млад професионалец. Кога не е заглавена над книга ужива во бурек, рап, и разговори за иднината на човештвото (не во тој редослед).

Елена

Елена Божиновска

Marketing Prodigy

Елена студира на УАКС, таа е младински работник во ЦМА КРИК и во GetOut е дел од тимот кој има за задача водење на социјални мрежи и пишување блогови. Во слободно време измислува балетски кореографии и игра like nobody is watching!

Стефан

Стефан Ефремов

Deep thinker

Стефан е студент на ФИНКИ, ангажиран во младински организации и човек со необична комбинација на интереси. Корективен кон општествени неправди,компромисен на туѓи погледи, а лојален на свои ставови.

Леонида

Леонида Костова

Photography Fanatic

Леонида има голема пасија за фотографијата. Сака добра дружба, ужива во добра храна, и возење на точак во 6 наутро.