Што е тоа коктел?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Коктелите никогаш не излегле од мода, тоа навистина е чуден феномен или само показател дека се работи за нешто безвременско. Очигледно е дека станува збор за продукт кој постојано им го привлекува вниманието на луѓето, со што се укажува дека коктелот е навистина е добра работа.

Самиот назив „коктел“ буди голем интерес и многумина се прашуваат од каде му доаѓа името. Доста често коктел баровите како дел од своите логоа имаат петли или истите може да се видат како фигури кои се дел од ентериерот на баровите. Сепак има и доста интересни приказни кои ја потврдуваат оваа поврзаност околу називот.



Во Англија многу одамна изразот коктел се користел да го опишат расниот коњ, чиви мускули под опашот му биле одделени, па така опашот стоел исправен и потсеќал на опаш од петел. Во Франција пак се верува дека изразот потекнува од зборот ‘coquetel’ (чашка за варено јајце) каде што се послужувале чудни напитоци наречени ‘coquetel’. Има и приказна која има потекло од Мексико, каде што таткото на принцезата Coctel бил познат по мешање на некакви мистериозни напитоци. Ќе издвојам уште една приказна која според мене можеби и најмногу држи вода. Сопственици на таверни користеле пердуви од опашот на петелот за да можат да ги обележат различните видови на пијалоци.



Сепак ова се само приказни кои се интересни за прераскажување, а од каде доаѓа значењето на зборот коктел мислам дека нема никогаш да дознаеме.

Од друга страна, пак, се знае кога точно зборот коктел се појавува за прв пат во печатена верзија, мај 1806 година, во весникот The Balance and Columbian Repository во државата Њујорк. Тогаш коктелот е објаснет како стимулативен пијалок кој е составен од алкохолна база, шеќер, вода и битери.

Во тоа време коктелите изгледале далеку поразлично од денешната слика на луѓето за коктелите. Тогаш немало голем број на состојки како денес, па затоа сѐ се сведувало на ова што го наведов малку погоре. Со текот на времето оваа дефиниција за тоа што означува коктел доживеала голем број на измени.

Исто така далеку во минатото уште во древните времиња, постојат податоци кои укажуваат дека се пиело некаков пијалок кој бил комбинација од вино, мед, тревки и зачини. Покасно кога алкохолите и ликерите се појавиле, свештениците и аптекарите правеле лекови за медицинска употреба, кои понатака почнале да се конзумираат како аперативи или дигестиви.

Покрај сѐ што се случувало околу овие чудесни напитоци во минатото, постојат двајца бармени кои ги поставуваат стандардите за она што денес претставуваат коктелите. Се работи за Хари Џонсон и Џери Томас, бармени кои први издаваат прирачници за коктели, со што ги даваат насоките на сите нивни наследници.



Верувајте дека никогаш нема да ти ги одгатнеме овие мистериозни пијалоци, важно е да ја разбереме суштината во нивната конзумација. Односно коктелите се пијалаци во кои треба да уживаме, а не да претставуваат средство за полесно опијанување. 


Cheers,
Васил
@shejkame

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош