Ако случајно ви досади седење дома по цели денови и сакате да излезете од секојдневната рутина, тогаш ви предлагаме викендов да се приклучите на виртуелната ‘Прв до врв’ трка, одлично искуство за тие што сакаат да спортуваат и имаат натпреварувачки дух .
‘Прв до врв’ е годишен спортски настан каде што стотици луѓе почнувајќи од основното училиште ‘Кочо Рацин’ се тркаат кој прв ќе стигне до врвот на Водно. Годишната трка очигледно беше одложена поради светската пандемија, па како резултат на тоа организаторите на настанот ни овозможуваат во текот на целиот месец мај секој од нас да се приклучи на виртуелната ‘Прв до врв’ трка.
Како да учествувам?
- Тие што се веќе пријавени за главниот настан, се автоматски пријавени и за виртуелните трки. Регистрирај се САМО доколку до сега не си се пријавил и сакаш да учествуваш само во виртуелните трки. Учеството е бесплатно, а пријавувањето е преку овој линк.
- Поврзи ја пријавата со твојот профил на Strava. Ова е потребно за да го измериш времето на твоите активности, а ние да го добиеме резултатот. Апликацијата е бесплатна и можеш да ја поврзеш со постоечки уред или апликација со кој го мериш времето на твоите активности, доколку е овозможено. Поврзи се преку портокаловото копче до твоето име во стартната листа.
- Спортувај сам, согласно со препораките, мери ги своите активности со Strava и внимавај на потребните патеки и сегменти што мора да се поминат за секоја од трките.
- Побарај ја твојата активност во табелата со резултатите. Резултатот ќе биде автоматски преземен благодарение на поврзувањето што го направи во вториот чекор.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк