Скопски предлози за најдобри пиво-собиранки!

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Велат дека најдобрите пива се пивата испиени заедно со пријателите! Полека, но сигурно, се приближуваме до крајот на неверојатно тешкото и неочекувано искуство во нашите животи, наречено „карантин“ и тоа, со други зборови, би можело да биде и добар почеток на еден нов период од нашиот живот.

Сакате новиот период да го започнете на убав, едноставен и опуштен начин?! Ви предложуваме неколку местенца низ Скопје кои ќе ви ги олеснат „афтеркарантинските“ планови. Да, неколку места каде што заедно со вашите пријателчиња може да го испиете најоригиналното пиво:

Irish Pub

Без разлика дали другарите со кои едвај чекаш да се видиш се од Скопје или пак патници од некој друг град или земја, Ресторан ирски паб „Свети Патрик“ или скопски познат како „Ајриш паб“ е засекогаш првиот и главен избор за претпладневни летни пиво-собиранки! Тој е првиот автентичен ирски паб во нашата земја и, според стилот, е еден од највпечатливите во градот. Сместен е покрај кејот на реката Вардар, близу до хотелот „Холидеј Ин“.

Woodstock

Вториот пивски паб кој би сакала да ви го препорачам со целото мое срце е „Woodstock“. Тоа е всушност првиот пивски бар во Скопје кој ги застапува и промовира исклучителните чешки пива, со рокерска атмосфера која ќе ве воодушеви! Не само со пријателите, таму може да одите и на прв дејт, секако ако симпатијата ви е тип што ја обожава музиката од 60-тите!  Пивското мени е многу симпатично и слатко, а најголем плус за целиот е паб е постоењето и на диско подиум! Звучни највозбудливо на цел свет, нели?

Centar Bar

И во „Центар Бар“ можеш да тркнеш заедно со пријателите на точено пиво! Дотерајте се со другарките,  подгответе се за да ги сретнете некои од градските шемаџии и секако, резервирајте си однапред. Позитивните страни на „Центар Бар“ се модерниот стил, елегантната и чил атмосфера и секако, скопскиот дух.

Pivnica ‘Star Grad’

Кога честопати ќе слушнеме дека во старата скопска чаршија има џез или рок свирка, тогаш најверојатно станува збор за „Пивница“. Посетителите имаат шанса да пробаат пива од речиси сите краеви на светот, а најоригинално за „Пивница“ е тоа што е предводена од Темов-првата македонска крафт пивара. Ако сте страсни љубители на пиво и пивска уметност, во „Пивница“ ќе се чувствувате како „дома“.


Сигурно повеќето од вас, веќе добро ги знаат моите предлози за местенца каде ќе пиете добро пиво, смеејќи се со пријателите. Но, ете, барем ве потсетив уште еднаш дека нема ништо подобро од тие вечери-љубов. Се надевам дека ќе си направите оригинални планови за искачањe зашто времето веќе не може и не смее да се „губи“ во неколку часовно размислување каде да одиме и што да правиме со друштво за да завршиме повторно во истиот кафич во кој „окапуваме“ со години. И не заборавајте дека „A beer a day keeps the doctor away“! Се гледаме наскоро, можеби на пивце!

Kisses <3

Ана Илиева @ana._.ilieva

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош