Што испуштивме за малце, а ќе ни дојде наскоро?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Причината ни е позната зошто нашите планови за да си поминеме лудо (убаво) на некоја забава или концерт,
беа срушени. Но денес нема да разговараме за причините, толку за настаните, кои набрзо би требало да се случат.

Come Clean – МКЦ
Овој фестивал беше најавен уште во почетокот на оваа година. Како главен head-liner беше претставен Jeru The Damaja од Бруклин, Њу Јорк,
а како втор артист беше најавен Smoke Mardeljano од Србија. Jeru е најпознат за својот албум “The Sun Rises in the East”, кој се смета за еден од топ 100-те
најдобри хип-хоп албуми во историјата. Доамшната сцена ќе а претставуваат Зад Аголот и DJ-ите од Funky Fresh, а исто така ќе гостуваат и Sistah и Skill & Jose од Бугарија.
Датумот за овој фестивал сеуште не е најавен, но се надеваме дека ќе го доживееме ова хип-хоп искуство во Скопје оваа година.

Трапславија 3 – МКЦ
По трет (и последен) пат во МКЦ, ќе се одржи најголемиот трап настан во земјава, одкако изминативе две години беа успешни за Trap Da Fuck Up организацијата.
Со голема програма од над 20 артисти и DJ-и, Трапславија продолжува да биде go-to журката за сите љубители на трапот во Македонија.
За жал беше откажан датумот кој беше првично планиран поради настанатата ситуација и сеуште нема објавено нов датум на кој ќе се одржи овој настан.

Бидејќи неможевме да најдеме други настани кои беа откажани поради пандемијата, ќе ви ги претставиме овие неколку фестивали кои би се случиле ова лето,
доколку има услови за такво нешто.
-Д-фест – Дојран – Д-фест е фестивал кој се случува скоро една деценија во Дојран и сигурен сум дека сите сте слушнале за него до сега.
Овој фестивал секогаш бил насочен кон повеќе жанрови и стилови на музика, но покрај музиката може да се забавувате уште на мал милион начини.
Небитно дали сте љубител на електронската музика, рокот, металот, рапот, регето или пак некоја ориентална музика, Д-фест ќе ги задоволи вашите музички желби.
Од лично искуство би му предложил на било кој љубител на музиката да го посети овој фестивал за вистински добро искуство.

  • Ohrid Calling – Охрид – Овој фестивал, секоја година не престанува да не изненадува со имињата кои ги носи во оваа земја.
    Петти по ред, овој Ohrid Calling кој би требало да трае од 31 Јули до 3 Август, ќе добиеме четири дена забава со Dimitri Vegas и Like Mike, W&W, Lost Frequencies, Salvatore Ganacci,
    како и Македонските Галоски, Cyrillic и многу други артисти.
    Фестивалите како Green Beach Festival, Bob Marley Day, Skopje Street Festival, сеуште немаат објавено информации за тоа дали ќе се организираат оваа година,
    така што ни останува само да ги чекаме нивните евентуални објави.

Годинава започна страшно лошо, но ќе мора да се надеваме на подобар финиш.
Овие настани сигурно ќе ни помогнат да ја заборавиме оваа затвореност и малку да се почувствуваме при себе,
така што се надевам дека квалитетно ќе се подружиме, на еден од овие претстоечки фестивали со нашите пријатели и друштва.

Peace,
Елисеј
@elyss__mp3

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош