2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања (а со тоа и секакви фестивали, концерти, журки, па дури и собиранки со друштво) не само што го растажи светот, но и ја растресе музичката индустрија. Иако многумина решија да ги одложат публикациите на нивните нови музички дела, голем број артисти видоа поразлична стратешка прилика, со што ние како слушатели добивме доста одлични албуми и синглови.
Иако пеење по дома е забавно, барем јас со душа чекам да се отворат дискотеките. Различно е чувството кога пееш и играш со друштво, во присуство на DJ или пак бенд. Затоа направив листа од 4 албуми кои сакам да ги слушнам на моето прво искачање во диско.
- Dark Lane Demo Tapes од Drake
Drake е константа во мејнстримот, меѓу личните фаворити од пред некоја година. Иако песните што ги вади типично спаѓаат во жанрот на рап, секогаш има барем еден актуелен хит кој кружи, прикладен за скоро сечии уши.
Најверојатно ќе го чуете во: Епицентар, XL, или на радио
Омилена трака: Deep Pockets

2. Wunna од Gunna
Се поактуелно име во рап индустријата, новиот албум на Gunna, како и неговите бројни соработки годинава го поставија на радарот на многумина кои претходно го немаа слушнато (како јас). Одличните колаборации на албумот, како и тој catchy ритам го доведоа Wunna до број 3 на листата.
Најверојатно ќе го чуете во: Епицентар
Омилена трака: Тop Floor (ft. Travis Scott)

3. Chromatica од Lady Gaga
Икона на поп сцената уште од раните 2000ти, Гага ја освои 2019, по повеќегодишна стагнација на светските топ листи. По освојувањето на Оскар за најдобра песна во филмот A Star Is Born (и номинација за најдобра глумица), таа се врати на врвот на светските листи со поп албумот Chromatica.
Најверојатно ќе го чуете во: XL, радио
Омилена трака: Babylon

4. Heaven or Hell од Don Toliver
Don Toliver генерално се проби на сцената со неговиот сингл No Idea, популаризиран на платформата TikTok. Од тогаш, тој е актуелен и активен на разни колаборации со големи артисти во рапот. Heaven and Hell е комбинација на добар ритам и интересни сегменти, совршени за диско микс.
Најверојатно ќе го чуете во: Епицентар
Омилена трака: Cardigan

Овие албуми се публикувани откако локалите во Скопје беа затворени од страна на министерството, и листата е базирана на лични преференци и вкусови.
Кои албуми се на вашата топ листа? Споделете со тимот на GetOut.