Приказната на GetOut

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Петок вечер. Со друштво се договарате за каде да искочите. Се обидувате да сфатите кои места работат, дали го служат вашиот омилен коктел, и каде се наоѓа тоа кул ново диско што сите го зборат. Настанува апсолутен хаос во групата. Ех, камо да имаше негде каде што можевте сите тие информации да ги најдете скоцкани на едно место…
Па чекај малце, го имате GetOut.

Нашата цел е да понудиме целострано искуство околу социјалниот пејзаж на Скопје. Платформата е најинтуитивниот, централизиран начин на прикажување на сé што нуди еден голем град како Скопје. Таа им овозможува нов и подобар начин на откривање нови искуства во вашиот град и организирање на истите.

Како информативни посредници меѓу локалните бизниси и нашите корисници, се гордееме на нашата двострана соработка со истите. Освен ажурирање на информации, се фокусираме на градење на блиски врски со нашите соработници и нашата публика преку интеракции, промоции, блогови итн. 

Во кроењето на оригиналните планови за GetOut, никако не можевме да предвидиме ништо ни налик на прандемијата која го разтресе светот, затварајќи ги сите дома. Одеднаш, цел град замолче, и се слушаше само повременото брмчење на моторчињата за брза достава на храна. Луѓето се фрустрираа, голем дел бизниси паднаа во криза, а GetOut остана без основната поткрепа: социјализирањето. Сепак, нашата приказна тек почна, и беше прерано за да се заврши. Одлучивме навистина да се посветиме на градење на блиски врски со сите наши корисници, пред cé помагајќи им на оние на кои им е потребно (земајќи ги во предвид нашите способности). Се гордееме на досега склучените партнерства со локални бизниси, како и нашето вклучување кон помошта за справување со пандемијата. Со ненадеж чекаме да ви ги претставиме продуктите на овие партнерства, склучени имајќи ја на ум нашата публика. 

Прашањето сепак останува: кои се GetOut?
Ние сме млад, ентузијастичен тим кој има согледано проблем во нашиот град, и се стреми кон кооперативно, интересно решение. Уникатен склоп на разновидна група, нашите различни интереси се тоа што веруваме дека ќе ни помогне да го изградиме GetOut.mk во платформа за секого. Пред се, сме луѓе кои го сакаат градот, и уживаат да растат заедно со него. #НиеСмеGetOut

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош