Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со цел сите да го пребродиме овој ударен бран. Во GetOut, кризата ја видовме како задача и прилика за да направиме се што ни е во моќ да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Ние тоа го видовме како возврат за нивниот придонес кон општеството, и кон нашето создавање како платформа. Решивме да им помогнеме да малите локални бизниси.
Согледувајќи ја опасноста на ситуацијата за оваа категорија на претпријатија, решивме да ги лансираме програмите на Covoucher-19 и партнерства.
Covoucher-19 е хуманитарна програма лансирана со специфичната цел да ги поддржи малите бизниси со помош на нивната лојална клиентела. Локалите можат да се пријават за соработка во програмата, по што се појавуваат на нашата листа соработници. Нашите корисници можат да купат ваучер од одредена вредност, кој ќе можат да го искористат во целост штом локалот ќе отвори, а приходите во целост одат кон тој локал.
До сега, програмата ги надмина нашите очекувања.Човековата хуманост навистина може да те изненади понекогаш. Во рок од само неколку недели, GetOut успеа да подигне 6.000 денари во просек за секој локал кој беше дел од програмата. Најголемата донација за локал достигна до 24.000 денари.
Ние сме многу горди на успехот на оваа програма, и на начинот на кој што можевме да бидеме дел од нечија приказна. Покрај дирекната помош, се надеваме дека со оваа наша акција ќе апелираме до солидарноста на организации поголеми од нас. Оваа е борба која заедно ќе ја победиме.