Ти се јаде добра пица?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Многу градови како Неапол и Џенова се фалат дека пицата потекнува од кај нив. Од таму нејзиниот вкус се пренел низ целиот свет. За овој познат специјалитет, само Американците годишно издвојуваат повеќе од 37 милијарди долари. Ако на оваа бројка, ја додадеме и годишната потрошувачка за останатите континенти, ќе дојдеме до заклучок дека пицата е многу популарен оброк низ целиот свет.

Првата пица била направена само  од тесто и кашкавал. Денес пак, постојат многу варијации на овој оригинален вкус. Тенко, крцкаво тесто или пак подебело, со шунка или кулен, со павлака или пак со кечап, се само дел од дилемите со кои секојдневно се соочуваат обожавателите на пица.

Најголемиот број ресторани во нашиот град се насочени кон италијанската кујна, па скопјани навистина имаат богат избор кога станува збор за пица. За вас, јас ги издвоив најдобрите меѓу најдобрите. Уживајте.


Енрико

Кога ќе помислам на Енрико, секогаш првата замисла ми е вкусна, топла пица која изобилува со кашкавал. Ако судиме по секојдневната посетеност, лесно ќе дојдеме до заклучок дека овој ресторан, со традиција долга речиси 30 години, е меѓу фаворитите на локалното население. Кога ќе го посетите, ќе наидете на беспрекорно љубезен персонал, пријатна атмосфера и мени за кое ќе ви треба доста време убаво да го анализирате. Доколку сакате да експериментирате со вкусови, лично ви ја препорачувам нивната пица “Hawaii” на која покрај стандардните состојки (томатно пире, шунка, кашкавал) ќе наидете и на парчиња тенко исечен ананас.

View this post on Instagram

Tasting interesting flavours. #🍍

A post shared by @ a.colovik on

Градска кафеана Пелистер

Оваа кафеана, иако го носи името на врвот на планината Баба која е во близина на Битола, сепак се наоѓа во срцето на градот Скопје. Лоцирана на градскиот плоштад Македонија, претставува мета на голем број туристи. Многумина се одлучуваат за овој ресторан поради погледот на историските споменици. Но, и пицата претставува нивна силна страна. Во Пелистер можете да уживате во добро потпечено, тенко, крцкаво тесто, дополнето со најразлични медитерански состојки. Ако пак сакате да јадете пица од овој ресторан дома, не двоумете се да направите нарачка преку сервисот на кликни јади.

Кај Џино

Ресторанот Кај Џино е првиот оригинален италијански ресторан во нашиот град. Неговиот сопственик, кој доаѓа од егзотичната Тоскана, успеал да ја пренесе страста кон храната и добрата услуга на повеќе од 50 вработени. Кај Џино е препознатлив по атрактивната локација и прекрасната летна тераса која има поглед на паркот Жена-Борец. Но, и кога зборуваме за храната, овој ресторан не заостанува зад неговите конкуренти. Фантастичниот вкус на италијанска пица никого не оставил рамнодушен. Пицата “Frutti Di Mare” е мојата препорака за вас.

View this post on Instagram

#tasteofitaly #unamoregrande #pizzalovers🍕

A post shared by Katarina Zazova (@katarina.zaz) on

Било кој од горенаведениве ресторани да го посетите по завршување на карантинов, сигурен сум дека нема да погрешите. Сепак, внимателно. Немојте да претерате со јадењето.

До следен пат,
Андреј Чоловиќ
@a.colovik

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Ја видов Мона Лиза а бев во пижами

Сите моравме барем еден план да откажеме заради новонастанатата пандемија. Дали тоа е авантура во странство, службен пат, или пак прошетка низ Македонија, на крај

kerakamika-featured
Games

Керакамика – Моето ново омилено хоби!

Дали си млад, стар или дете во Керакамика не е важно, бидејќи погоди што? Тие нудат специјални курсеви наменети за секоја возраст! Cакаш да искусиш

Daylife

COVID 101 Што научив?

Среќна 2020!!! Возбудени, чиста бројка, време за промена. Оваа година ќе биде најдобра до сега! Fast forward неколку празници подоцна… Нов вирус? Пандемија? Далеку е

Games

Приказната на GetOut

Петок вечер. Со друштво се договарате за каде да искочите. Се обидувате да сфатите кои места работат, дали го служат вашиот омилен коктел, и каде

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош