Убава наша литература да си читнете наместо Netflix

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Инспирирана од претходниот пост на блогот, во кој пишуваме за македонска музика (која Елисеј ја опишува како каква – таква, наша), одлучив да ви ги предложам моите три омилени книги кои ѝ припаѓаат на нашата литературa.

blog-posledniot-caj-ju-01
кликни на сликата за линк до книгата

Мојата засекогаш омилена книга ,,Последнот чај” од Винка Саздова. При првите неколку реченици од самиот пролог може да се забележи едноставниот, а сепак многу комплициран, пишувачки стил на авторката која со секоја наредна страница сѐ повеќе ти го освојува срцето и те приморува да размислуваш за себе, за внатрешните дилеми засновани на психологијата на душата, за вистината и за чувствата, за домот кој постои во секој еден од нас, за загубеното време во потрага по вистинското и можеби најбитно од сѐза внатрешното и комплексно ,,Јас“. Спиритуалност, неспокојство, егзистенцијални прашања и груба вистина за нас и нашите животни приказни. Можеби ќе се случи книгата да ја читате и еден месец, но доколку детално и длабоко не ги запознаете Тара, Савита И Самир, можеби и нема да имате шанса преку зборовите во книгата, да се запознаете и самите себе, од почеток.

blog-luna
кликни на сликата за линк до книгата

А, ако се вљубите во зборовите од,,Последниот чај” прочитајте ја и ,,Луна” – роман за незавршените комуникации во нашите животи и за две девојки кои преку спомените од заедничката љубов, се загадуваат или можеби, ослободуваат од своето минато.

Првиот предлог за книга можеби и нема да ве воодушеви сите, со оглед на тоа што сите имаме различни стилови и интереси. Но, книгите на Горан Стефановски се нешто што е задолжително. Ви ги препорачувам ,,Диво месо”, ,,Лонг Плеј” и ,,Тетовирани души” – нема да пишувам и објаснувам ништо за неговите книги бидејќи секој мој збор е мал и недоволен кога би требало да се опишат ремек-делата на Големец како Горан Стефановски.

За почувствителните читатели, би ја препорачала книгата ,,Белата е најстрашната боја” на младата писателка Ирена Јурчева. Книгата е составена од триесетина кратки раскази кои прават една целина исполнета со многу силни чувства – меланхоличност пред сѐ, и кревкост. Секој расказ е изграден на внимателен начин кој ни ја проширува фантазијата кон некој нов свет и нѐ потсетува дека ,,Сите сме подеднакво кревки и силни. Подеднакво важни. Ние, избраниот народ, со божествена мисија да го наполниме повторно овој свет и да го кренеме од урнатините… Зашто сме белите нови страници од светите неиспишани книги на новото време”.

 

Да се изберат три книги за препорака, не било лесно и едноставно. Но, како и за сѐ другопредизвикот е битен и возбудувачки.
Читајте книги, предложете ни ги вашите омилени книги на македонски јазик и бидете љубопитни за с
ѐ нешто. А, за следниот блог пост посветен на литературата, ви најавувам скопска поезија која ќе ве инспирира и воодушеви, со сигурност.

Поздрав,

Ана Илиева @ana._.ilieva

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош