Најдобрите крофни во Скопје…?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Во последните неколку години Скопје дефинитивно може да се пофали со одлични крофни. Преубавите крофни од американските слаткарници, кои со години ги гледавме само на инстаграм, конечно се достапни и на нашиот пазар. Но дали на прво место треба да го ставиме изледот, или сепак нема ништо поважно од самиот вкус, е дефинитивно прашање кое создава дилема помеѓу обожавателите на крофни.


DONUT BAR

Кога зборуваме за крофните од DONUT BAR, не можеме да го занемариме нивниот совршен изглед. Уметноста која е прикажана на секоја крофна, редовно ги воодушевува сите нивни муштерии. Како нивен муштерија, можам да кажам дека нивниот тим е  исклучително професионален и креативен. Иако изборот на крофни е доста богат, а вкусот секогаш специфичен и посебен, сепак поради цената на крофните, низ друштвените мрежи кружат и коментари во кои се наведува дека не секогаш соодносот цена-квалитет е на највисоко ниво.


DONUT FACTORY

View this post on Instagram

White Chocolate & Raspberry #saturdaylove❤️

A post shared by Donut Factory (@donutfactory10) on

Кога за прв пат се појавија крофните на DONUT FACTORY, направија голем бум низ градот. Како први крофни во градот, со оригинален и “инстаграмџиски” изглед, а притоа и релативно нормални цени и релативно добар вкус, овие крофни привлекоа големо внимание, а притоа останаа и едни од најпродаваните до ден денес.


КРОФНИТЕ ОД ХРОМ

Иако можеби не се толку распростанети низ социјалните мрежи и низ профилите на македонските #foodblogger – и, крофните од Хром се се уште на врвот во нашиот град (субјективно мислење). Нивните ниски цени, долгогодишното искуство, како  и богатиот вкус се карактеристики кои ги одвојуваат од конкуренцијата и ги прават посебни. Иако можеби не можат да се пофалат со “уметнички, модерен” изглед, сепак станува збор за легендарен вкус.


Па, кој се најдобрите крофни во Скопје според вас?

До следен пат,

Андреј Чоловиќ

@a.colovik

View this post on Instagram

#prom 🍩

A post shared by @ a.colovik on

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош