Паднатиот маалски херој

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Силното влијание на моменталната криза го раздрма светот, здравствено и економски, нанесувајќи масовна штета. Економската тежина на ситуацијата се осети и во нашето Скопје, каде нажалост, со неколку локали ќе мора да се опростиме. Овие локали беа блиски до нашите срца, со што сметаме дека требаше да ги спомнеме на ваков начин.

Оптимистично се надеваме дека некогаш во иднината тие ќе ја обноват својата дејност. Но во меѓувреме, го посветуваме овој пост на нив, и ги прославуваме.

Сквиз Ми (SqueezeMe)

Препознатливи за нивниот интересен, chill стил, Сквиз Ми неодамна решија да не отворат по олабавувањето на мерките. Во срдечна порака на нивната Фејсбук страна до сите нивни муштерии, тие се одјавиа од сцената. Благодарност до нивниот тим за посветеноста и љубовта кон работата. Уживавме во секое смути и салата.

9:20 Сабајле (9:20 АМ)

Нашиот омилен street food доручек не освои со нивните вкусни креативни јадења и одличната енергија. 29 Maj го прогласија како последен работен ден, оставајќи не да трагаме по ново go–to место за доручек. Благодарна сум за сите одлични идеи за јадења што ги видов токму кај нив, за пријатната дружба, и добрата услуга. 

Фрешис (Freshys)

Нивниот социјален бизнис модел ни ги освои срцата и ни служеше како инспирација. Вистински ресторан за луѓето, горди сме на добротворните дела кои Фрешис успеаа да ги постигнат, мотивирајќи не и нас да бидеме посоцијално свесни на полн стомак здрава храна. Благодарни сме за одличниот дух и инспирација.

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош