Силното влијание на моменталната криза го раздрма светот, здравствено и економски, нанесувајќи масовна штета. Економската тежина на ситуацијата се осети и во нашето Скопје, каде нажалост, со неколку локали ќе мора да се опростиме. Овие локали беа блиски до нашите срца, со што сметаме дека требаше да ги спомнеме на ваков начин.
Оптимистично се надеваме дека некогаш во иднината тие ќе ја обноват својата дејност. Но во меѓувреме, го посветуваме овој пост на нив, и ги прославуваме.
Сквиз Ми (SqueezeMe)
Препознатливи за нивниот интересен, chill стил, Сквиз Ми неодамна решија да не отворат по олабавувањето на мерките. Во срдечна порака на нивната Фејсбук страна до сите нивни муштерии, тие се одјавиа од сцената. Благодарност до нивниот тим за посветеноста и љубовта кон работата. Уживавме во секое смути и салата.

9:20 Сабајле (9:20 АМ)
Нашиот омилен street food доручек не освои со нивните вкусни креативни јадења и одличната енергија. 29 Maj го прогласија како последен работен ден, оставајќи не да трагаме по ново go–to место за доручек. Благодарна сум за сите одлични идеи за јадења што ги видов токму кај нив, за пријатната дружба, и добрата услуга.

Фрешис (Freshys)
Нивниот социјален бизнис модел ни ги освои срцата и ни служеше како инспирација. Вистински ресторан за луѓето, горди сме на добротворните дела кои Фрешис успеаа да ги постигнат, мотивирајќи не и нас да бидеме посоцијално свесни на полн стомак здрава храна. Благодарни сме за одличниот дух и инспирација.
