Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш налик на онаа во 4 попладне во Центар. Но во целата ситуација, немаше кого да се окриви освен човековата ствност за вкусни крофни. Истите крофни кои се прославеа од Лисиче до Волково и сегде измеѓу, набедувајќи луѓе да возат од еден крај на градот до друг за слатко гурманско задоволство (јас = луѓе). 

Тие што немаат пробано (повторно прочитајте ‘јас пред 2-3 години’) често не можат да сфатат што е толку посебно за печено тесто полнето со крем. И од далечина, апелот не личи така јасен. Меѓутоа, моментот кога ќе ја пробаш твојата прва крофна, свежа и се уште топла, со совршена текстура на тестото, и вкусен чоколаден крем кој се прелева при првото загризување… сфаќаш.

Иако јас се гледам сама себе како гурман, зад благиот крем го согледувам огромниот бизнис успех на Крофните од Хром. Иако градска (и вон-градска) популларност добиле во 2008 година, фамилијарниот бизнис постои уште од 2002-ра, започнат сосема ненадејно. Александар и Виолета Меновиќ ја започнаа приказната со кило брашно и првите задоволни муштерии. Покрај тајниот куварски рецепт, посочуваат кон продуктот: секогаш тазе и со непроменет висок квалитет, полн со љубов.

При создавањето и растот кон популарност, Крофните од Хром имале само една алатка на рака: говорениот збор. Од човек на човек, од задоволен муштерија до непросветлен пријател, тие се имаат израснато до легендарен статус, симбол на градот кој се пренесува преку генерациите.Иако дел од апелот на локалот е едноставниот пристап (и вербална популарност наместо број на фејсбук лајкови), тие сакаат да им се доближат на своите муштерии на поличен начин, градејќи го нивното онлајн присуство притоа задржувајќи го својот познат продукт. 

https://m.facebook.com/krofniteodhrom/
https://www.instagram.com/krofnite_od_hrom/?hl=en

Меѓутоа, нешто чудно се случува во последно време. На познатата локација не ги гледаме познатите лица, како од нигде и никаде, класичниот вкус на крофните да се смени. Пекара се уште има, меѓутоа тоа не е ‘нашата’ пекара. 

Ова е поради тоа што Крофните од Хром има нова локација од март! Нови модерни простории со истиот квалитет на производи, Крофните се релоцираа во новоизграден дуќан на Пресека 1, Влае (позади бензиската на Макпетрол, до игралиштето во Влае). Назад со своите вообичаени работни саати, и подобри паркинг места, фамилијата се надева да се врати на вообичаеното ниво на работа, притоа известувајќи ги лојалните муштерии за новото локалче.

Меѓутоа, од каде доаѓаат овие другиве крофни, продавани од старата локација, но со различен вкус?

Незнаејќи за нивната релокација, јас тргнав на крофна кон старата локација. Не препознавајќи го пекарот, си реков дека вработиле нов, па затоа е вкусот сменет, меѓутоа на моето прашање, новите лица рекоа дека ништо не е променето. Дури после некое време бунило, разбрав за новата локација од Фејсбук. Маскирана како (совесен) бандит, не можев да одолеам да не одам. И таму беше повторно, познатиот мирис, и познатите лица, и најважно од се, познатиот вкус, непроменет. Нит прва нит последна која била во ситуацијава, се насмеавме со дел од сопствениците. Мило ми е што сега барем знам каде се наоѓаат, а у спат и една теретана во близина (дефинитивно ќе треба).

Промената на квалитетот кај старата локација им штети на Крофните од Хром, во најголем дел поради тоа што муштериите не знаат дека станува збор за нова пекара. GetOut е платформа која ги поддржува малите бизниси, но доколку вистинита, таквата манипулација на информации не е поддржана.

Дали вие знаевте за оваа релокација? Дали можеби се разочаравте при посетата на старата локација? Се надевам дека имав можност да ве реконекритирам со старата љубов (реконекција која самата ја доживеав). 

Мал совет: чоколадните крофни се совршениот emotional support food, не сум чула некој да се пожали од премногу крофнички (ама се со усул). 

Споделете го своето искуство со тимот на GetOut

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Games

Паднатиот маалски херој

Силното влијание на моменталната криза го раздрма светот, здравствено и економски, нанесувајќи масовна штета. Економската тежина на ситуацијата се осети и во нашето Скопје, каде

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош