Коктели во домашни услови за време на карантин

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Коронавирусот нѐ затвори сите по дома и ни наложи да живееме во карантински услови. Омилените кафичи и барови се затворени, а со тоа автоматски имаме проблем. Не можеме да се видиме со пријателите, но исто нема каде да ги пиеме омилените коктели. Единствена опција се класичните пијачки за по дома, како на пример ракија, вино или пиво. Сигурен сум дека не сите сте фанови на овој тип пијачки или едноставно ви здосадиле, па душичката ви бара нешто поразлично.

Од таа причина издвојувам неколку коктели што можете сами да ги подготвите дома. Тоа значи дека не ви требаат премногу состојки, не ви треба професионална барменска опрема и не ви треба којзнае каква вештина.

За следниве коктели од состојки потребно ви е: виски, џин, бел рум, лимета, лимон, портокал, шеќер, јајце, газирана вода и секако не заборавајте лед.

Од опрема ќе ви треба: тегла, чашка за ракија, кафена лажичка, некаква цедалка која може да задржи лед и толку.

Она што можеби ќе ви биде најпотребно е љубов и мерак за добар коктел, сѐ друго може да се постигне со импровизација.

1. Whiskey Sour

Најпрво ставете лед во ниска (old fashioned) чаша, во таа чаша на крај ќе го послужите коктелот. Следно што треба да направите е да ја земете теглата која претставува вашиот импровизиран шејкер и почнувате редоследно да ги ставате следниве состојки: сок од половина лимон или ако сакате точно 30мл, 15мл шеќерен сируп (една доза врела вода, две дози шеќер), половина белка од јајце, ама пазете само белката J И на крај остана уште ѕвездата на вашиот коктел, виски кое најмногу ви прави мерак. Од него ставате една чашка за ракија, која најчесто е од 40мл до 50мл. Додадете лед во теглата, затворете ја и шејкајте многу силно околу 10 секунди. На крај прецедете го коктелот со помош на цедалка во чаша каде што ќе го послужите. А да, ќе заборавев, коктел не е коктел ако не изгледа атрактивно. Па за таа цел декорирајте го со парче портокал.

2. Daiquiri

За овој коктел потребна ви некоја фенси коктел чашка (martini glass). Повторно прво ставете лед во чашката за да почне да се лади, бидејќи е многу важно чашите за коктели да бидат ладни. Потоа исто како и за предходниот коктел, состојките ги сипуваме во тегла. Потребно ви е 25мл сок од лимета или отприлика половина чашка за ракија, една лажичка шеќер, две лажички шеќерен сируп и секако алкохол, но не било каков. За Daiquiri потребно ви е бел рум. Додадете лед и шејкајте, откако ќе завршите со шејкањето истурете го ледот од чашата и прецедето го коктелот. Ако ви е чудно зошто го истураме ледот од чашата не се секирајте, не сте единствени. Затоа ќе ви откријам една тајна, коктелите коишто се пијат во cocktail или martini glass не се послужуваат со лед и сламка.

3. Tom Collins

Овој коктел сигурно ќе ви биде најлесен за подготовка. Во висока чаша (Collins или Highball glass) ставете лед, потоа само додадете ги состојките. Сок од лимон 30мл или нешто над пола од чашката за ракија, 15мл шеќерен сируп, една чашка џин и на крај додадете само газирана вода. Малку промешајте со лажичка и декорирајте со парче лимон. Супер освежителен и не многу силен коктел кој ќе ви дојде добро во секој дел од денот.

Се надевам дека со овие три коктели ќе ја разбиете домашната монотонија и побрзо ќе ви помине досадата. Плус да бидеме реални коктелите можат само да ви ја однесат забавата на многу повисоко ниво. Во случај да не ви е јасно како да ги направите овие коктели според она што е напишано, тркнете до YouTube каналот и Instagram профилот на Shejkame каде може да ги најдете овие коктели во видео формат.

Cheers дечки, Васил

@shejkame


За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош