Класична скопска агенда за искачање

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Колку и да одиме на различни места и пробуваме нови работи, сепак сите сме свесни дека сме приврзани за одредени специјални скопски локали. Тука сме да ве потсетиме на сѐ што нѐ чека кога ќе заврши изолацијава. Сигурно до крајот на текстов ќе сфатите дека ви фалат овие класични скопски искачања.

„Абе ми се праи нешто лабавко…“

Ако сакате убаво и лабаво да си поминете некоја ноќ, со тоа што сепак ќе се журкате, многу веројатно е да ви одговара следниов план за искачање.


Парк или плочник

Сите знаеме дека парк и плочник преку ден и навечер се два различни света. Купување алкохол, пивце, грицки (од единствената продавничка во близина на парк), собирање друштво и музика на звучник е создава посебна атмосфера и своe pregame лабаво излегување.

Маракана или Минус еден

Иако секогаш има многу интересни музички настани, журки и свирки, и да не сте расположени за стоење или играње, туку само уживање, овие две места ви ги нудат двете варијанти. Во никој момент нема да се почувствувате отфрлено бидејќи самата лабава атмосфера ќе ве опушти.  

La Delicious

Многу нормално дека на крајот од вечерта (или повеќе накај почеток на сабајлето) сте веќе изморени и гладни, па како и секој скопјанец, најчесто завршувате во Ла на тазе баничка со зденка/маслинка.

„Ми се иде негде fancy, сакам да се дотерам…“

Ако сте расположени за дотерување и нормално, да се чувствувате fancy и спремни да си ја поминете најубавата вечер, можеби ќе ви одговара следниот тајмлајн на излегување.


Three Kitchen & Bar или Brick Eat

Ноќ исполнета со огромна удобност, преубава музика, голем избор на пијалаци и јадења, особено коктели, сместени во пријатна атмосфера е тоа што со сигурност ќе го доживеете доколку ги посетите токму овие локали.

Станица26

А, понатаму, за да се размрдате малце, резервирајте си навреме место, бидејќи секогаш има луѓе во Станица 2. Ќе се журкате максимално!

Пиците на Рекорд

Кога сте преуморни за да одите до Ла, но сепак ептен гладни, одлична опција се пиците од Сезам на Рекорд. Покрај тоа што се многу вкусни, побитно е дека се достапни 24/7.

„Сакам нешто измеѓу, ми се журка, ама па не ми се дотерува многу…“

Под „нешто измеѓу“, се мисли на она расположение кога си 50/50, ем лабаво ем размрдано, што често знае да се менува во текот на ноќта, па затоа сме оставени во прашалници. Некаде каде што би се прилагодиле на вакво расположение е следнава комбинација.


Drinker’s Paradise или Гарсон Бар

Расположени за преубави коктели и музика во опуштена атмосфера? Drinker’s.
Расположени за лабаво музиче, свирка и пивце, или текили и грицки? Garson.

Епицентар или Сектор 909

Откако веќе цело друштво е загреано, мора да се продолжи негде на журка во забавна атмосфера со гласна музика и толпа народ. И да не сте во некое поголемо расположение за играње, самата атмосфера во Епицентар и Сектор нема да ви го дозволи тоа.

Силбо

И се разбира, после ваква ноќ исполнета со многу алкохол, еден силбо-ѓеврек или дебармаалски би дошле таман за отрезнување. Бонус е тоа што сега има Силбо и во Карпош и во Аеродром!

Have fun,
Елена
@paunoskae

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Ја видов Мона Лиза а бев во пижами

Сите моравме барем еден план да откажеме заради новонастанатата пандемија. Дали тоа е авантура во странство, службен пат, или пак прошетка низ Македонија, на крај

kerakamika-featured
Games

Керакамика – Моето ново омилено хоби!

Дали си млад, стар или дете во Керакамика не е важно, бидејќи погоди што? Тие нудат специјални курсеви наменети за секоја возраст! Cакаш да искусиш

Daylife

COVID 101 Што научив?

Среќна 2020!!! Возбудени, чиста бројка, време за промена. Оваа година ќе биде најдобра до сега! Fast forward неколку празници подоцна… Нов вирус? Пандемија? Далеку е

Games

Приказната на GetOut

Петок вечер. Со друштво се договарате за каде да искочите. Се обидувате да сфатите кои места работат, дали го служат вашиот омилен коктел, и каде

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош