Дали си млад, стар или дете во Керакамика не е важно, бидејќи погоди што? Тие нудат специјални курсеви наменети за секоја возраст!
Cакаш да искусиш нешто ново, а воедно да се релаксираш и да ја искористиш својата инспирација? Керакамика е вистинскиот избор за тебе. Тие нудат различни техники, курсеви кои можеш да ги посетиш индивидуално за обука или усовршување на вашите вештини во нивното арт студио.
Сакате момент со вашето семејство? Керакамика овозможува групни часови, каде што ќе изградите повеќе моменти со твоите најблиски, исполнети со забава, смеа и креативност. А покрај спомените Керакамика ви нуди да ги понесете и вашите изработки дома со вас! Доколку сакате роденденската забава за вашите најмили да се разликува од останатите Керакамика ви нуди нешто ексклузивно – забава, смеа и креација на едно место, креативно катче за деца. Вашата пасија е рачна изаботка? Можете да го посетите курсот за рачна изработка кој ја поткрепува вашата имагинација, се до реализација. Истовремено керакамика ви нуди уникатни рачноизработени производи како вазни, накит, чаши, украси…
Моето лично искуство со Керакамика
Моето искуство со керамика започна пред 2 месеци, кога случајно налетав на Get Out и нивниот COVOUCHER-19. Тој нудеше курс за обука на колце, мојата долго неостварена желба. Курсот го започнав со запознавање на основните чекори, а подоцна со помош на инструкторите ја развивав својата вештина со пракса. Секој си има свои предизвици, па мојот беше да направам што повисока вазна. Горда сум да кажам дека после повеќе неуспеси, успеав. Атмосферата во студиото беше одлична, како и инструкторите. Искрено, нетрпеливо го чекав наредниот час бидејќи во периодот на глобална пандемија, тоа беше моето прибежиште каде времето ми запираше и се чувствуав исполнето. По завршувањето на курсот јас се стекнав со знаење, нови пријатели и ново хоби.
Погледни го видеото, можеби и ти ќе го пронајдеш свето хоби!
Прочитај повеќе за Керакамика тука.
Започни ја твојата вајарска авантура со следните ваучери. За секој купен ваучер добивате подарок керамика од продавницата на Керакамика.
-
Ваучер за моделирањеден500.00
-
Час за работа на грнчарско тркалоден600.00
-
Ваучер за рачна изработка на керамикиден1,500.00
-
Курс за работа на грнчарско тркалоден3,000.00