Керакамика – Моето ново омилено хоби!

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Дали си млад, стар или дете во Керакамика не е важно, бидејќи погоди што? Тие нудат специјални курсеви наменети за секоја возраст!

Cакаш да искусиш нешто ново, а воедно да се релаксираш и да ја искористиш својата инспирација? Керакамика е вистинскиот избор за тебе. Тие нудат различни техники, курсеви кои можеш да ги посетиш индивидуално за обука или усовршување на вашите вештини во нивното арт студио.

 Сакате момент со вашето семејство? Керакамика овозможува групни часови, каде што ќе изградите повеќе моменти  со твоите најблиски, исполнети со забава, смеа и креативност. А покрај спомените Керакамика ви нуди да ги понесете и вашите изработки дома со вас! Доколку сакате роденденската забава за вашите најмили  да се разликува од останатите Керакамика ви нуди нешто ексклузивно –  забава, смеа и креација на едно место, креативно катче за деца. Вашата пасија е рачна изаботка? Можете да го посетите курсот за рачна изработка кој ја поткрепува вашата имагинација, се до реализација. Истовремено керакамика ви нуди уникатни рачноизработени производи како вазни, накит, чаши, украси…

Моето лично искуство со Керакамика

Моето искуство со керамика започна  пред 2 месеци, кога случајно налетав на Get Out и нивниот COVOUCHER-19. Тој нудеше курс за обука на колце, мојата долго неостварена желба. Курсот го започнав со запознавање на основните чекори, а подоцна со помош на инструкторите ја развивав својата вештина со пракса. Секој си има свои предизвици, па мојот беше да направам што повисока вазна. Горда сум да кажам дека после повеќе неуспеси, успеав. Атмосферата во студиото беше одлична, како и инструкторите. Искрено, нетрпеливо го чекав наредниот час бидејќи во периодот на глобална пандемија, тоа беше моето прибежиште каде времето ми запираше и се чувствуав исполнето. По завршувањето на курсот јас се стекнав со знаење, нови пријатели и ново хоби.

Погледни го видеото, можеби и ти ќе го пронајдеш свето хоби!

Прочитај повеќе за Керакамика тука.


Започни ја твојата вајарска авантура со следните ваучери. За секој купен ваучер добивате подарок керамика од продавницата на Керакамика.

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош