Како да го разбудиш адреналинот пост-карантински?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Откако ги испивме сите кафиња, ги изедовме сите грицки и евентуално ни помина free trial на HBO и Netflix, време е малку да го активираме нашиот внатрешен адреналин junkie. Следниот пост е за оние поавантуристичните  што сакаат секое излегување да им биде незаборавно, но и за оние што уште не го откриле авантуристот во себе.

Скај Карт

View this post on Instagram

May the speed force be with you today❗

A post shared by Sky Cart (@sky_cart) on

Скај Карт е полн погодок за сите што сакаат да се покажат зад воланот и да ја почувствуваат таа картинг возбуда. Соодветен за сите возрасти и типови луѓе, Скај карт може да биде интересно искуство за со друштво, семејство, другарче или партнер. Но, ве предупредуваме, после првото возење веднаш ќе сакате пак!

Кајакарење на Матка

Без разлика дали сте љубител на природа кој редовно сака да спортува или сте некој што само сака да се олабави со друштво, кајакарење на Матка е достапно за сите. Активност лесна за совладување за почетници, а сепак интересна и за оние поискусните. И да сте отидени на пиво во природа и да сте отидени за спорт – загарантирана ви е добра дружба и опуштена атмосфера.

Boulder Bar

Boulder Bar e за сите што сакаат да се испробаат за качување на карпи. Кој и да е вашиот мотив, дали предизвик, стекнување нова вештина или едноставно го сакате овој спорт, нема да се вратите разочарани.  Не се грижете ако сте се улежале последниве месеци, секогаш може да се качувате колку што можете, а доле ве чека душекот со отворени раце.

2Glide Tandem Paragliding

На крај, за оние наjхрабрите, тука е тандем параглајдинг овозможен од 2Glide. Со нивната понуда во оклина на Скопје (Водно и Скопска Црна Гора), 2Glide е лесно достапно и искуство што ќе ви го качи адреналинот повеќе отколку што мислите дека е возможно. Затоа спремете се да го надминете вашиот лимит и да уживате во погледот од височина!

Со овие активности, забавата ви е загарантирана. Предизвикајте се и слободно споделете фотки да видиме како сте си поминале.

До следен пат,
Марија <3
@janevamarija_

Дознајте повеќе за локалите во овој блог:

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош