Пројде изолација… и сеа кај да ја носам симпатијата на дејт?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Покрај малите бизниси, од ситуацијава се најдоа погодени и љубовџиите. Среќно заљубените импровизираа дејтови, а сингл луѓето се префрлија на инстаграм. Сте се размуабетиле ептен со симпатијата и се мислиш како да го префрлиш тоа во живо? Getout е тука да ти помогне со идеи за дејт што ќе помогнат да ви тргне работата!

Ако сте лабави и сакате да ја терате класичната парк шема, Вело-кафе и Номад ви се таман во близина за да си земете кафе. Тие што не сте по кафето, за благо блиску ви е Fluffy со најфотогеничните палачинки во градот, а за здрава варијанта  Сквиз ми со голем избор на цедени сокови и шејкови.

 Ако повеќе сакате да се шетате низ град, вистинските места за пауза ви се таман блиску до плоштад: помфрит или топено сирење во Горки како мезе, а за десерт преку лица ве чека сладоледот од Радост. Одлична прилика да си играте со комбинациите на вкусови и додатоци, па ако ептен сакате да ја тестирате довербата, дури и да одберете додатоци за другиот!

 Си пуштивте поглед во теретана, на кеј или на Водно и сега сакате да продолжите? Fitness house е полн погодок за вас. Сите јадења што ги сакате во здрава верзија и што е најважно – guilt free!

 Ако се чувствувате fancy и сакате малку поприватна атмосфера и добра храна, препорачуваме оброк во Daily. Без разлика дали сакате салата, пица, месо или тестенини – не може да утнете со изборот. За десерт ве чекаат најдобрите вафли во Скопје, од менито на Мартини. Ако мислиш дека си јадел добра вафла, Мартини е тука да го крене критериумот и да ја надмине.

А ако двајцата повеќе сте по добра пијачка отколку по храна или ви треба малку liquid courage, Casa  ви нуди врвни коктели и одлична атмосфера. Сепак, за тие повеќе по пиво и добра музика, Woodstock е местото за секој мераклија. Со Woodstock плејлиста во позадина, ќе ти тргне и пивото, а најверојатно и муабетот.

 После целата изолација, се надеваме дека добро ќе ви дојдат предлозиве и брзо ќе се опоравите од љубовната криза <3

Леп провод и памет во глава,

Марија Јанева

@janevamarija_

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош