Во карантинскиве денови слабо се слушаат музичките нумери од земјава,
па така од сега па натаму ќе имате неделни потсетници за сите случувања околу нашава (каква, таква) музичка сцена.
Да не должам во старт, разгледајте неколку проекти кои ги издвоивме како интересни периодов, додека седевме по дома во дуксери и пижами.
KUKU$ x DONPLAYA – SLAV LIFE
https://www.youtube.com/watch?v=oN6doVEr1XM
Првиот наслов ви е сигурно познат. Траката, што требаше да ја наследи Real Slavs од пред две години, доби спот.
KUKU$ и DONPLAYA во истиот стил од претходниот пат, доставија Banger. Видеото го снимаа MVRSVR, додека музиката беше испродуцирана од Goca R.I.P. и Iso Miki од KUKU$ .
Останува да видиме какви бројки ќе наредат овој пат (моментално на #9 Trending), по нивната предходна колаборација, која моментално има 6 милиони прегледи на YouTube.

Trojche.Dim – III
https://www.youtube.com/watch?v=qyJWWlNGMbo&list=PLv6Zr5XZqnFhiEOCuVE9GmpS2A40b_1sb
Овае е првото ЕР на Trojche.Dim, млад артист од Скопје, кое содржи три нумери. Првата песна (1) има инструментал, кој наликува на оние од девеесетите,
втората (2) е поблиску до звукот на новата ера, додека последниот е класичен трап.
За продукцискиот дел во првите две песни се погрижил Дарко Јовановски, а во третата GCGandalf, кои се заслужни и за Mix/Master – oт соодветно.
Три е доста краток, но разновиден проект кој содржи три различни околини. Сите со својот краток „спот“ кој дава дополнителен зачин врз музиката.

Боенка е првиот поголем проект за Young Dadi, исто така млад артист од Скопје. Секоја песна има своја илустрација нацртани од Emilyxed, а дизајнерскиот дел го завршиле Matej Foltz и Boksa.
Има само еден Feature, од Sexy Marsa на четвртата песна од проектот. Во продукцискиот дел, вмешале прсти повеќе продуценти; Boksa, OG, Nanko, Dimchuga и Windie, а
финалниот допир го имал 5R со Mix/Master – от на целиот EP .
Проектот се состави од седум песни :
– Roller Coaster – Сами
– Анархист – Лади Дади ft. Sexy Marsa
– Глупи Ствари – Психоделии
– Ураган
Во главно ќе слушнете мелодичен трап звук, со благи обиди за меланхоличен пристап и неколку љубовни песни. Се познава и агресивната страна на Dadi во Анархист чиј инструментал е на 5R,
што е мој персонален фаворит.
И тоа е тоа за денес, се надевам дека ве заинтересирав доволно за да ги преслушате овие проекти. Ве чекаме во истово време, следна Недела, да споделуваме Македонска музика .
Peace,
Елисеј
@elyss__mp3