Get the Look

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Барајќи инспирација на интернет за тоа како да го подобрите стилот, да го обновите вашиот гардеробер, или пак барате одговор на прашањето што да облечам денес, може многу лесно да паднете во црната дупка на „инста-пеколот“. Во една прилика имам кажано дека Инстаграм е многу добра платформа, но се додека се користи „паметно“. Што значи ова? Сите сакаме да гледаме убава за око содржина, да изгледаме исто толку неодоливо, но никако не треба да дозволиме таа содржина да ни претстави лажна слика или да влијае негативно на нас. Наместо да размислуваме за тоа дека тие парчиња не можеме да си ги дозволиме, треба да дејствуваме креативно.

Со цел подобро да ви го доближам горе напишаното, за денес подготвив мини проект наречен get the look, или како да изгледате како познатите светски влијателни инфлуенсери, и уште поважно каде да го набавите нивниот изглед (достапно на нашиот пазар).

Па да започнеме 😉

Кој? Јоана Ваз

Зошто? Затоа што таа е едноставна, но истовремено многу модерна. Таа е класичен пример дека треба да бираме квалитет, а не квантитет. Можеме да ја забележиме повеќе пати со истите чевли или торби, но модниот печат никогаш не изостанува во нејзините беспрекорни комбинации. Доколку сте љубител на уличната мода дефинитивно треба да ги следите нејзините секојдневни објави!

Пантолони, блуза и ташна: Mango
Мантил: Massimo Dutti (може да се замени со кремаст капут од било која продавница бидејќи е безвременско парче)
Чизми: Zara

Пантолони, блуза, капут, чанта: Zara
Патики: Calvin Klein

Шорцеви: Benetton
Ролка: H&M
Штикли, чанта: Mango

Кој? Блејр Иди

Зошто? Ако сакате да се инспирирате како да искомбинирате различни принтови и бои тогаш сте на вистинското место. Нејзините изгледи се секогаш многу ексцентрични, смели и интересни. Никогаш нема да ве разочара.

Фустан: Zara
Хулахопки: Sara Fashion
Чевли:  локален бутик
Чанта: O bag

Кој? Тамара Калиниќ

Зошто?  Секогаш во тек со светските трендови. Неодолива инспирација за сите вљубеници во модата.

Ролка, фустан, чизми, чанта: Zara
Шал: Mango
Хулахопки: Calzedonia

Кој? Зина Чаркоплиа

Зошто ? Ако сте во потрага по пример за безвременски и минималистички стил тогаш ова е профилот кој мора да се најде во вашата листа на following.

Фармерки, сако, чизми: Zara
Ролка: Intimissimi

Последна за овој блог пост би ја издвоила карантинската мода, која периодов зазема големо место во нашето секојдневие. Екстремно популарни меѓу инфлуенсерите низ светот па и кај нас се најдоа трендовите на “pillow challenge”, односно предизвикот на правење што поинтересен и покреативен аутфит со перница или јорган. Тука ќе ги издвојам сите светски фаворити кои на сите ни оставија најголем впечаток.


Поздрав,
Никица Ацева
@nikicaaceva

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош