На карантинов, полека но сигурно му се ближи крај, па наскоро повторно ќе можеме да уживаме во нашите омилени ресторани. Доколку и на вас ви е веќе преку глава од delivery сервиси и локални сендвичари, а сте голем гурман и фан на добри бургери, тогаш сме сигурни дека некој од подолу наведените ресторани ќе биде вистински избор за вас.
Distrikt Bar & Kitchen
За бургерите во Дистрикт, малку е да се каже дека ќе ве воодушеват. Во овој fancy ресторан ќе ги најдете најдобрите бургери во градот. Уживање за сите сетила кое нема да ве остави рамнодушни. Одличната локација и врвната услуга дополнително го издигнуваат овој расторан на уште повисоко ниво. Поради големата посетеност како од локалното население, така и од голем број на туристи, ви препорачуваме задолжително да направите резервација пред да ги посетите.
Ресторан Маџо 2.0
Овој мал, симпатичен ресторан кој се наоѓа во непосредна близина на градскиот парк дефинитивно ќе ве освои на прв поглед. Интимно, затскриено, шармантно местенце во кое се прават преубави бургери. Тазе испеченото лепче, кое сами го прават, добро приготвеното месо и богатите сосови се нивните најсилни адути. А најинтересно од се е што го гледате chef-от како пред вас го подготвува вашиот оброк. Доколку до сега не сте имале можност да го посетите овој ресторан, по завршувањето на карантинот, дефинитивно вреди да се упатите прво таму.
View this post on InstagramРајли бургер! Фантазија! 😉 #Бургер #Маџо
A post shared by Ресторан Маџо 2.0 (@madzo2.0) on
BKW Hybrid Bar
Доколку не сте многу гладни и сакате мали, слатки бургери како добро мезе со вашето пиво, тогаш BKW Hybrid Bar е вистинскиот избор за вас. Одлично место за дружба со пријателите после работа и уживање во пива од различни брендови и мали интересни бургери. Иако менито во овој урбан локал е релативно кратко, сепак уникатната комбинација на сосови кои се составен дел од нивните бургери, ќе ве остави без зборови.
На овој список, мораме да ги додадеме и бургерите од Рок кафана Рустикана и Барбакан Бистро Бар, кои исто така се доста популарни меѓу скопјани.
Било кој од горенаведениве ресторани да го посетите по завршување на карантинов, сигурни сме дека нема да погрешите. Секое задоволство чини, а во некои од овие ресторани чини и малку повеќе.
До следен пат,
Андреј Чоловиќ