Што е COVoucher-19?

COVoucher-19 е хуманитарна програма чија цел е да им помогне на малите и средни претпријатија во Македонија што се меѓу најпогодените за време на глобалната пандемија.

Инспирацијата дојде од швајцарска организација што ја има истата цел овој период.

Ние како тим веќе развивавме платформа што ќе им помогне на овие исти претпријатија да се промовираат преку нашата платформа. Кога вонредната ситуација стапи во мерка и ние дознавме дека со мали промени на нашата платформа ние може да им овозможиме на овие бизниси нов канал на приход со што ќе им помогне да го издржат овој тежок период, ние скокнавме во акција.

Како работи COVoucher-19?

Принципот е едноставен, секој локал што нуди било какви услуги може да стапи во контакт со нас на следниот линк. Понатака ние ќе креираме профил за тој локал ако истиот веќе не е во нашата датабаза, па потоа заедно со управителот на локалот ќе креираме и ваучери што ќе се продаваат на неговиот Getout профил.

Ваучерите ќе можат да бидат купени од нашите корисници со што ќе го подржат бизнисот од кој што купуваат. Истиот тој ваучер ќе може да биде искористен веднаш штом бизнисот ќе почне да работи, па се најкасно до 6 месеци откако Светската здравствена организација објави дека светската пандемија е завршена.

Идејата е ние да понудиме платформа каде што вие, корисниците, ќе може да ги подржите вашите локални бизниси, во период каде што многу од нив се соочуваат со финансиски проблеми па и банкрот.

Дали Getout.mk профитира од акцијата?

Не, единствената провизија што се става на цената на ваучерите е таа од 2.5% со цел да се покријат трошоците кон банката за овозможување на онлајн трансации. Идејата е да се помогне на локалните бизниси и Getout не профитира на никој начин од ‘COVoucher-19’ акцијата.

Што се случува ако бизнисот од каде што купив ваучер не ја преживее кризата?

При неповолниот случај бизнисот што ви продава ваучер да не опстане, ваучерот се претвора во донација. Тоа е клаузула во нашите договори за да осигураме дека локалните бизниси немаат дополнителен товар покрај затворањето. Затоа, ги замолуваме потрошувачите да купуваат само од локални бизниси на кои им веруваат.

Може ли CoVoucher да спаси локален бизнис?

Локалните бизниси кои имаат најголема корист од CoVoucher се оние со значителни фиксни трошоци и со доволно голем предвидлив профит во иднина. Од економска гледна точка, CoVoucher им овозможува на бизнисите да позајмуваат од нивните идни приходи и да направат trade off помеѓу својата идна маргинална добивка со цел да ги покријат тековните фиксни трошоци.