‘Covoucher-19’ е акција организирана од Гетаут чија цел е да им помогне на сите мали и средни претпријатија во Македонија кои нудат одредени сервиси и услуги и моментално не се во можност да ги извршуваат истите.

Многу бизниси на светско ниво моментално се затворени поради глобалната пандемија и немаат никаков извор на приход, како резултат на тоа многу вработени не земаат плата или истата е намалена, а и дел од овие претпријатија се под значителен ризик на банкрот.

Преку акцијата ‘Covoucher-19’ се надеваме дека ќе им дадеме на овие претпријатија нов алтернативен канал на приход што ќе им помогне да преживеат се додека светската пандемија не заврши. Идејата е овие претпријатија да продаваат дигитални ваучери за нивните услуги преку нашата платформа, а пак тие исти ваучери ќе може да бидат искористени во нивните локали откако COVID-19 пандемијата ќе стивне.

Секој бизнис што сака да учествува во ‘Covoucher-19’ акцијата и да ги продава своите услуги во форма на дигитални ваучери преку нашата платформа може да аплицира преку формуларот подоле.