COVID 101 Што научив?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Среќна 2020!!! Возбудени, чиста бројка, време за промена. Оваа година ќе биде најдобра до сега!

Fast forward неколку празници подоцна…

Нов вирус? Пандемија? Далеку е од нас… Дојде ненајавено, неочекувано и ни ги смени животите на сите. Сѐ што досега ни беше секојдневие тотално се промени, а секој аспект од јавниот и приватниот живот ни отиде на “hold“. Кога застана сѐ секој од нас помина неколку неизбежни фази на “карантиска школа“ (Нели?).

  • Не е ништо ќе помине брзо, сѐ ќе се врати во нормала. Позитива пошто уште не се помируваме со реалноста, а и не сакаме.

  • Чекај ова е вистинско, што ако ми се случи на мене. Параноја, затварање, послушност и опсесија со пратење новости. Оваа фаза најбрзо поминува.
  • Планирање, влагање у различни групи за личен напредок:  вежбање, курсеви, онлајн предавања и сл..
  • Да гледам серија додека спијам или да спијам додека гледам серија? Фазата на бесконечно долги карантински денови, серии, филмови, гејмање и што уште не. Фала Богу што постои Netflix. Неподносливи часови кои не поминуваат и магичниот круг на времето кое не престанува да стои.

  • Отварање за назад на некоја “нормала“ во која сите се со помешани чувства за што е безбедно а што не. Каде да се вратат и дали да се дружат на истите начини на кои тоа го правеа. Веќе ништо не е исто, а нема ни да биде.

Но, што ме научи ова мене?! Реално имавме многу време за размислување и рефлектирање на сѐ и сешто. Па ќе споделам дел од работите кои ги “научив“ јас.

НАЈПОЗИТИВНА РАБОТА ВО 2020 Е ДА СИ НЕГАТИВЕН!!! (Само мала шала, продолжи со читање)

Рестрикциите ни ја одземаа слободата но, напротив мене некако ослободија. Успорувањето на темпото ме научи дека ми е најдобро сама со себе. Колку е смирувачки да не ти е секој ден однапред испланиран и не си “заробен“ во торнадо на милион обврски и џонглирање на некаков социјален живот. Дишеш успорено… Искрено ова сѐ некако можам да го споредам како една долга медитација на човештвото.

ЛЕКЦИЈА БР. 1

Многу иницијативи за поддржување на локалните бизниси и економијата општо се појавија во овие неколку месеци и тоа е за поздрав! Сме можеле да се држиме заедно во тешки моменти, кој би рекол…

ЛЕКЦИЈА БР. 2

Кога е тешко да најдеш занимација за да го пополниш времето , а на социјални медиуми бомбардираат со БАНАНА ЛЕБ и остали рецепти, си викаш ќе пробам и јас! Топ искуство, нови скилс или што би рекла баба ми – спремна за мажење! (се шалам!!)

А во случај да зезнеш оброк (мене ми се дешаваше 80% од времето) се вртиш на најзгодната опција за TAKE OUT. Што не води до…..

ЛЕКЦИЈА БР. 3

Of course, сите локали отворија опција за достава што беше еден од најдобрите нешта што се десија периодов! Буквално сѐ можеше да нѝ дојде дома (Апсолутен WIN), поготово за деновите со комплетен карантин.

За деновите кога мора да се работи од дома исто така добитна опција се takeout кафиња од омиленото кафуле. Или за петок takeout коктел ! ЗАКОН НЕЛИ?

ЛЕКЦИЈА БР. 4

Деновите после милион часовните карантини и најтвриот орев се крши, па дефинитивно КЕЈ и ВОДНО беа Ел Дорадо за скопјани. Мило ми е што толку голем број на луѓе почнаа да ги ценат овие богатства што ги има нашево Скопјенце.

ЛЕКЦИЈА БР. 5

Има милион работи кои се SAFE да се прават периодов, а се презабавни. Ќе одвојам само неколку од нив.

ИСКРЕНО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СИТЕ НАУЧИВМЕ БАР НЕКОЛКУ НОВИ РАБОТИ ЗА СЕБЕ И ЗА ЖИВОТОТ ОКОЛУ НАС. МИСЛАМ ДЕКА ВИДОВМЕ ДЕКА СИТЕ РАБОТИ КОИ МИСЛЕВМЕ ДЕКА СЕ МНОГУ ВАЖНИ, ВСУШНОСТ СЕ СПОРЕДНИ, А СЕКОЈДНЕВИЕТО ГО КРОИМЕ САМИТЕ НИЕ. МОЖЕМЕ ДА ОТПАТУВАМЕ НА НАЈДАЛЕЧНИТЕ МЕСТА (ВИРТУЕЛНО) ДОДЕКА СЕДИМЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ ДОМА.

НЕ МОЖЕ НИШТО ДА ЈА СМЕНИ НАШАТА РЕШИТЕЛНОСТ, А РЕШЕНИЈА ЗА СИТЕ “ВОНРЕДНИ“ СИТУАЦИИ СЕКОГАШ ЌЕ НАЈДЕМЕ!  ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ВО “НОРМАЛА“ НО, НИЕ НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕМЕ ИСТИ.

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош