getout-logo-text

Кои сме ние?

ГЕТАУТ ДООЕЛ е македонски стартап и управителот на оваа веб апликација. Getout.mk е централизирана платформа што ги агрегрира сите најдобри настани и локали во даден град.

Getout платформата беше основана со цел да ја пополни дупката што ние како тим ја увидовме дека постои во процесот на откривање и планирање излез во градот.

Проблемот!?

Проблемот што ние го увидовме дека постои кога доаѓа до планирање на излез во град беше следниот:

Следење на најновите трендови во еден голем град е прекомплицирано!

Според нас овој проблем е резултат на фактот дека не постои една централизирана платформа каде што јасно се претставени сите понуди на најдобрите локали и организатори на настани во градот.

Моментално, ако некој сака да открие што се случува викендов или пак да најде некое место што ќе му понуди ново искуство тој треба да скока од една платформа до друга и не потребно да губи време за да дојде до информацијата што ја бара. Поради тоа, многу од нас се откажуваме од целиот тој процес и ги посетуваме истите неколку места.

Визуелно: Процесот на откривање и организирање на ново искуство моментално

Нашето решение!

Платформата што недостасува – Getout.mk

Нашето решение е да го замениме дигиталниот лавиринт сликан погоре што е составен од повеќе социјални платформи, интернет пребарувачи и други веб страни со една централизирана платформа што е специјално дизајнирана на најинтуитивен начин да претстави се што нуди еден голем град како Скопје.

Сите настани и локали во градот кои ќе имаат профил на Getout.mk се соодветно категоризирани и веб апликацијата е дизајнирана со интуитивен и модерен интерфејс. Ова сѐ овозможува нов и подобар начин на откривање нови искуства во вашиот град и организирање на истите. 

Нашиот тим секојдневно ќе ја обновува датабазата на настани и локали со што ќе знаете со сигурност дека има едно место за да ги следите сите најнови трендови во градот – Getout.mk

maze-getout-solution

Визуелно: Процесот на откривање и организирање на ново искуство со нас

Што е COVoucher-19?

COVoucher-19 е хуманитарна програма чија цел е да им помогне на малите и средни претпријатија во Македонија што се меѓу најпогодените за време на глобалната пандемија.

Инспирацијата дојде од швајцарска организација што ја има истата цел овој период.

Ние како тим веќе развивавме платформа што ќе им помогне на овие исти претпријатија да се промовираат преку нашата платформа. Кога вонредната ситуација стапи во мерка и ние дознавме дека со мали промени на нашата платформа ние може да им овозможиме на овие бизниси нов канал на приход со што ќе им помогне да го издржат овој тежок период, ние скокнавме во акција.

За повеќе информации во врска со COVoucher-19 кликнете тука.