Абе а да гледам филм…што ќе ме збуни?

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp

Spoiler-free се предлозиве се разбира. Постои палета од филмови кои би ве збуниле, дали на почеток, дали во средина или сосема на крај од самата приказна. Наредниве 4 филмови, ги имам изгледано барем 3 пати и си имам направено различни сценарија за како би продолжиле понатаму или пак сум се запрашувала што е со самиот почеток или тек.

Knives out
Би почнала со оваа мистерија-комедија, прилично нова, 2019. Не знам за вас, ама секогаш кога гледам филмови правам милион и две претпоставки барем потсвесно. Со овој филм , ми беше малку потешко да се вклопам, бидејќи целата линија на приказната беше целосно амплитудна и тоа е она што ме привлече. Отсекогаш сум сакала филмови кои со секој и ситен и важен момент ме изненадуваат. Комплексен и интелигентно структуриран , лесен и скроз интересен филм за гледање кој ќе ве држи до самиот крај.
( Chris Evans – captain America? , Daniel Craig – 007? , Jamie Lee Curtis, Toni Collette во еден филм????)

Seven
Скоро сите филмови на David Fincher се тешко пролазни лавиринти, но „Seven“ е таков психолошки-трилер / крими-драма кој едноставно е ептен worth-it. Самиот „setting“ на филмот ќе ве обземе уште од почетокот и морам само да ве предупредам дека целиот филм не е розево и весело место и можеби е навистина морбиден за гледање, но сепак во секој момент самите можете да најдете порака во се. Исто така, во текот на целиот филм ќе го имате во себе си моментот на „Другар, кажи ми само што се случува“ кој можеби и по гледање на филмот ќе ви остане, но и тука лежи убавината – различните интерпретации.
Плус, дуо со Morgan Freeman и Brad Pitt е прилично интересно за гледање.

Prisoners
Како трилер-криминалски филм , Hugh Jackman и Jake Gyllenhaal едноставно предобро ги доловуваат самите карактерни особини на ликовите во текот на целиот филм. Приказната ќе ви предизвика безброј чувства,емоции, фрустрации – од беспомошност, безнадежност и паника се’ до упорност, храброст и збунетост (нели). Еден од многуте важни моменти кои се доловени е и прашањето „Што е добро, што е зло, што е вистината, а што е лага“ кое се провлекува низ цел филм.

Interstellar
Трае 3 саати ?! Нема да се осетат. Sci-fi филм кој ќе ви предизвика низ текот на целиот филм 3 саати да се прашувате „Кои сме, зошто сме, каде сме и дали сме“. Целиот филм ќе ви ја скокотне љубопитноста за време, димензија и општо иднината на нашата планета Земја и универзумот. До каде би стигнало човештвото?
+Matthew McConaughey и Anne Hathaway? Да.

Пред да си изберете кој филм да го гледате, слободно уклучете си ги и трејлерите, па видете кој најмногу ќе ви привлече внимание.

Trailer: Knives out
https://www.youtube.com/watch?v=xi-1NchUqMA

Trailer: Seven
https://www.youtube.com/watch?v=znmZoVkCjpI

Trailer: Prisoners
https://www.youtube.com/watch?v=bpXfcTF6iVk

Trailer: Interstellar
https://www.youtube.com/watch?v=zSWdZVtXT7E

 

 

Xoxo,
Elena Paunoska

@paunoskae

За Авторот:

Следете ги најновите трендови во градот

Бидете меѓу првите што ќе дознаат за најинтересните случувања во Скопје

Прочитај повеќе...

Games

Од Лисиче до Волково: Donut Mania

Верувам дека во барем една точка од времето, надлежните во Хром го приметија метежот. Секоја ноќ, во најневообичаените часови, во Хром се ствараше гужва, понекогаш

Games

Што испуштаат дискотеките?

2020 дефинитивно не е годината која сите ја замислувавме. Место на журка со друштво, се најдовме танцувајќи по пижами по дома. Забраната за физички собирања

Games

Delivery Wars

Со затворањето на рестораните, многумина го најдоа решението за носталгијата (како и опстојувањето на омилените ресторани и кафеани) преку доставата на храна. Иако рестораните се

Games

Повеќе од платформа

Ако било што учиме од моменталната криза, треба да сфатиме дека солидарност е клучен елемент во функционирањето на едно општество. Меѓусебното разбирање и помош, со

Зајакнете го вашето онлајн присуство со наша помош